Екипата на Валенсија утре ќе се сретне со Картагења во рамките од Копа дел реј, а главно прашање за треерот Карлос Корберан на денешната прес-конференција е дали ќе му даде шанса на Столе Димитриевски да ги покаже своите квалитети.
Македонецот вообичаено е прв голман на куп-средбите, но дури и ова беше доведено во прашање по изјавите на Димитриевски за тренерот и за неговите одлуки за Примера дивизио, каде вообичаено му дава шанса на Хулен Агирезабала.
Сепак, Карберон децидно одговори дека Димитриевски ќе биде прв голман на утрешниот дуел, сметајќи дека паричната казна што му беше изречена е сосема доволна санкција.
„Димитриевски, секако, ќе биде стартер на нашиот гол. Оној проблем е веќе минато, тој се извини, призна дека згрешил со изјавата што ја дал. Завршивме со парична каза, а кога ќе има парична сакнција нелогично е потоа да продолжите и со спортска санкција. Она што го договоривме важи – Димитриевски е наш прв голман во Копа дел реј“, истакна тренерот на Валенсија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

