Најдобриот македонски голман, Столе Димитриевски летово го направи својот најголем трансфер во кариерата потпишувајќи за шпанскиот великан и поранешен шампион, екипата на Валенсија.
Сепак, кумановецот има клаузула во договорот со која може веднаш да го напушти тимот. Доколку, Валенсија не го продаде својот досегашен голман, Ѓорѓи Мамардашвили, Димитриевски веднаш може да ја напушти Валенсија и тоа за цена од само три милиони евра.
За Мамардашвили на крајот на минатата сезона беа заинтересирани многу европски гиганти, но тој сепак се уште е член на Валенсија. Останува да видиме како ќе се одвиваат работите до крајот на летниот преоден рок и каква ќе биде иднината на најдобриот македонски чувар на мрежата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА