Фудбалерите на Валенсија освоија бод на домашен терен против Депортиво Алавес откако одиграа 2-2 во меч од 18. коло во шпанската Ла лига.
Најдобриот македонски голман, Столе Димитриевски беше стартер за неговиот тим, но и неговата добра партија не беше доволна за поволен резултат за тимот од „Месталја“. Гостите поведоа со 0-1 со погодокот на Мартин уште во 7. минута.
Домаќините израмнија на 1-1 Преку Риоха од пенал во 70. минута. На 1-2 зголеми Џордан исто така од пенал во 88. минута, кога успеа да го совлада нашиот голман. Конечните 2-2 беа дело на Гомез во 88. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА