Столе Димитриевски беше во фокусот на вниманието по синоќешниот дуел меѓу Реал Мадрид и Рајо Валјекано, на кој македонскиот голман ги запре налетите на „кралевите“ на „Сантијаго Бернабеу“.
Димитриевски бранеше извонредно од почеток до крај, а во финишот беше дел и од мал инцидент, откако се обиде да ја задржи топката по еден корнер за Реал, па влезе во конфликт најпрвин со Винисиус, а потоа и со останатите фудбалери на Реал.
„Винисиус рекол дека ќе се сретнеме по мечот? Па, тоа не се случи… А и да ми дојдеше, само ќе го прегрнев. Тој е извонреден фудбалер, а такви работи се нормални на теренот, особено кога едната екипа чува резултат, а другата прави се што може за да постигне гол“, изјави Димитриевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА