Столе повторно на клупа, Валенсија загуби од Осасуна (ВИДЕО)

Валенсија претрпе пораз од Осасуна на гости со минимални 1-0, во меч во кој нашиот Столе Димитриевски остана повторно на клупата за резерви, и е се поблиску до заминување од екипата.

Будимир во деветата минута од средбата успеа да се запише во листата на стрелците. Голем хендикеп за Валенсија беше фактот што од 22. минута играше со играч помалку, по исклучувањето на Гаја.

И покрај тоа што имаше повеќе играчи во поле, сепак, Осасуна во продолжението не беше надмоќна, не ја искористи оваа предност, а Валенсија во финишот се обиде да казни и да извлече барем бод, но не успеа во намерата.

Се вчитува...