Eден од најголемите шпански тимови, барем во 21. век, Валенсија продолжува со сезоната од кошмарот на стартот на новата кампања во Ла лига. Тимот од „Месталја“ го забележа и третиот пораз во исто толку меча сезонава во Примера дивизион, откако денеска беше поразен на гостувањето кај Атлетик Билбао со минимални 1-0.
Клучниот момент на натпреварот се случи во првата минута од судиското продолжение во првото полувреме кога Прадос Диаз го постигна погодокот вреден три бода за тимот од Баскија.
Ниту на овој меч нашиот Столе Димитриевски не беше стартер, а местото меѓу стативите повторно му припадна на грузискиот голман Ѓорѓи Мамардашвили кој повторно немаше некоја партија за паметење, a при примениот гол мораше подобро да интервенира.
Athletic Bilbao 1-0 Valencia – Benat Prados Diaz 45'+1'
byu/Meladroitdimage insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА