Репрезентативниот чувар на мрежата Столе Димитриевски уште еден натпревар во Ла лига успеа да запише без примен гол откако вечерва неговиот Рајо Валјекано одигра реми 0-0 на гостувањето кај Кадиз во меч од 7. коло во шпанскиот шампионат.
Нашиот голман повторно беше на врвот на задачата, а имаше и неколку добри интервенции со кои му донесе бод на својот тим.
Во вториот меч од вечерната програма во Ла лига, Реал Сосиедад со минимални 0-1 славеше на гостувањето кај Валенсија.
Valencia 0-1 Real Sociedad – Carlos Fernandez 32'
byu/Meladroitdeposter insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

