Ланскиот добитник на наградата за „Најдобар спортист на Македонија“, Стојанче Стоилов, предвреме го напушти годинашниот избор организиран од Агенцијата за млади и спорт, реагирајќи на „двојазичноста“ за време на манифестацијата. Емил Павлов и Сара Ристовска беа главни лауреати на изборот во кој награди добија и Кире Лазаров и ракометните селекции на Македонија, но во фокусот на јавноста остана реакцијата на Стоилов, кој не сакаше да остане до крај штом слушна како добитниците се обраќаат кон присутните на албански јазик.
Првите две награди за училишен и за средношколски спорт заминале кај училишта од Чаир и од Тетово, при што тетовскиот добитник на признанието на присутните им се обратил на албански. Стоилов збесна поради тоа, па веднаш стана и си замина од изборот на спортист, трескајќи ја вратата на заминување.
„Се чувствувам засрамено и понижено“ – се пожалил искусниот ракометар во вибер-групата на репрезентативците, кои се сместени во хотелот во кој се одржуваше манифестацијата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА