Стојанче Стоилов е подготвен за првиот тренерски предизвик во кариерата, како шеф на стручниот штаб на РК Бутел, каде легендарниот македонски ракометар и официјално ќе биде промовиран на прес-конференција закажано за утре.
Стоилов имаше блескава играчка кариера, а потоа првите тренерски чекори ги направи во Вардар, како прв асистент во стручниот штаб на „„црвено-црните“. Стоилов со голем успех го водеше тимот на Вардар на неколку натпревари на кои тогашниот тренер беше суспендиран, па за многумина беше изненадување кога минатото лето претседателот Михајловски го избра Иван Чупиќ за нов тренер, по што Стоилов целосно си замина од „црвено-црното семејство“.
Во меѓувреме легендарниот пивот одби неколку понуди, но сега оцени дека е вистински момент за почеток на тренерска кариера, стартувајќи токму од Бутел.
Горан Кузманоски ги води „бутелци“ во последните години, поранешниот репрезентативец веќе најави дека летово си заминување и кариерата ќе ја продолжи во Кипар, а ангажманот на Стоилов ќе почне од летово, со подготовките за новата натпреварувачка сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

