Столе во немилост на Валенсија: Лани го оставија без 300.000 евра бонус, а сега бараат отштета

Ситуацијата на македонскиот голман Столе Димитриевски во Валенсија станува неподнослива, пишува „Ас“. Димитриевкси и официјално побарал да замине од клубот во овој преоден рок, откако не беше на голот на својот тим во првото коло во новата сезона од шпанската Ла Лига.

Сепак, Валенсија ќе бара отштета за неговите услуги од заинтересираните клубови меѓу кои и Лил, Фенербахче, Селта и Леванте. и сите тие го сакаат бесплатно, но Валенсија ја одби таа можност.

Интересен е фактот дека Валенсија лани го остави гикнабит вез 300.000 евра бонус, кој му следуваше за одиграни натпревари, а сега е „жртва“ на клаузула во договорот за позајмица на новиот голман Хулен Агирезабала за стартно место.

Повеќе од веројатно е дека македонската „единица“ ќе има нов клуб ова лето, а дали ќе остане во Шпанија, или ќе се реши да се сели во друга земја, останува да се види.

Се вчитува...