Столица седнува на клупата на Партизан

Српскиот вицепрвак Партизан го одбра тренерот кој ќе ја води екипата за следната сезона. По оставката од Александар Станојевиќ, клупата на белградските „црно-бели“ ќе биде резервирана за Илија Столица.

Столица беше во конкуренција заедно со Саво Милошевиќ за нов шеф на струката, со што првиот ја доби трката и ќе ја добие довербата од раководството на Партизан.

Новиот тренер некогаш настапуваше за Партизан. Тој беше кандидат за тренерското место и во минатото, но никогаш не ја доби довербата. Столица ќе има задача да го врати шампионскиот пехар кај „црно-белите“ по долгиот пост кој трае веќе пет години, во кои титулата патува во „црвено-белиот“ табор.

Иако Партизан не го откри новото име, медиумите дојдоа до името, а промоцијата ќе се случи утре.

Столица беше помошник во Партизан 2014/15 кога беше помошник на Зоран Милинковиќ.

Се вчитува...