Кошаркарската федерација на македонија ги запред сите активности на неодреден петриод. Од КФМС информираат дека прекинуваат и највисоките натпреварувачки конкуренции. Претходно федерацијата ги суспендираше сите младински натпреварувања.
„Земајќи ја предвид моменталната состојба со појавата и ширењето на Корона вирусот (COVID-19), како и препораките на Владата на РСМ и Светската Здравствена Организација, со цел да се заштити здравјето и безбедноста на играчите, тренерите, службените лица и навивачите, раководството на Кошаркарската федерација на Северна Македонија објавува дека сите натпревари во организација на Федерацијата од денеска, четврток, 12 март 2020 година со одложуваат на неодреден временски период. КФСМ ќе продолжи да ја следи состојбата на дневна основа и ќе ги оценува опциите за продолжување или не, на соодветните натпревари кога и ако ситуацијата тоа го дозволи“ – стои во соопштението од КФСМ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА