СТОП од газда Жанг: Интер крена раце од Мората

Интер дефинитивно се откажа од трката по Алваро Мората, откако шпанскиот голгетер се покажа како прескапа опција за нападот за актуелниот европски вицешампион.

Директорот Мората веќе две седмици преговараше со Атлетико Мадрид за овој трансфер, за на крајот газдата Стивен Жанг да ја затвори приказната, објавувајќи крај на разговорите откако двете страни беа предалеку од заеднички договор.

Интер понуди 10 милиони евра, но Атлетико инсистираше на 21 милион евра за шпанскиот голгетер, сума што мадридскиот клуб како понуда ја имаше добиено и од Саудиска Арабија. Згора на тоа, Мората бараше плата од девет милиони евра за наредните две години, а Жанг јасно стави до знаење дека нема намера да потроши 30 милиони евра на фудбалер кој веќе го има достигнато врвот на кариерата и сега таа му се движи во надолна линија.

„Нероаѕурите“ ќе ја продолжат потрагата по нов голгетер, на врвот на листата со желби сега е Балогун, кого Арсенал го стави на трансфер-листа по успешната позајмица во францускиот прволигаш Ремс. Доколку овој трансфер не се реализира, план Б на Интер е Бето од Удинезе.

Се вчитува...