Маркус Рашфорд нема да се пресели во ПСЖ во текот на овој преоден рок, без оглед на интересот што францускиот првак го покажува за англискиот репрезентативец. Весникот „Л’Екип“ синоќа објави дека директорите на ПСЖ веќе стапиле во контакт со Рашфорд, кој покажал интерес за трансфер на „Паркот на принцовите“.
Сепак, проблем претставува фактот дека голгетер има уште две години од актуелниот договор со Манчестер Јунајтед, а „црвените ѓаволи“ немаат намера да дозволат тој да си замине од „Олд Трафорд“.
Тен Хаг секако нема премногу опции во нападот по заминувањето на Кавани и неизвесната иднина на Кристијано Роналдо, па Рашфорд и Марсијал се единствените кои можат да играат како „деветка“ во формацијата на новиот стратег. Поради ова, холандскиот стручњак веднаш побарал да биде блокирано заминувањето на Рашфорд, а не се исклучува можноста Јунајтед да доведе нов класичен голгетер до крајот на преодниот рок. Дури и доколку тоа се реализира, Рашфорд сепак ќе остане во клубот бидејќи став на Јунајтед е дека овој играч не е за продажба без разлика колкава понуда ќе испрати ПСЖ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

