Арсенал не успеа да ја продолжи победничката серија откако „топчиите“ одиграа само 2-2 на гостувањето против Сандерленд, во фантастичниот меч на „Стадионот на светлината“. Сандерленд се покажува како незгоден ривал за фаворитите за највисок пласманн, оваа екипа пред неколку кола на гостински терен го шокираше Челси, а сега успеа да му земе бод и на лидерот Арсенал.
Цврстата одбрана на двете страни беше заштитен знак во првите триесетина минути, но ситуацијата целосно се промени по погодокот на Балард за 1-0, прв примен гол на Арсенал по повеќе од еден месец во Премиер-лигата. „Топчиите“ се разбудија и покажаа квалитет, преку Сака и Тросар направија целосен пресврт, но и тоа се покажа недоволно за да се стигне до трите бода.
Броби беше херојот на Сандерленд откако корпулентниот напаѓач одлично се снајде крај Габриел во судиското продолжение и го совлада Раја.
Тоа не беше и крај на возбудувањата, Арсенал во 96. минута имаше две стопроцентни шанси преку Калафиори и Рајс, но домаќините одолеаја и стигнаа до заслужен бод на овој дуел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

