Манчестер Јунајтед се надева дека ќе успее да го убеди Хари Кејн на преселба на „Олд Трафорд“ летово, но многу поголем проблем ќе биде да се најде заеднички јазик со Тотенхем околу висината на трансферот. Кејн ќе влезе во последните 12 месеци од актуелниот договор што го има со „спарси“, но тоа не го менува ставот на Даниел Леви, кој вообичаено важи за многу тежок преговарач при продажба на своите клучни фудбалери.
Воедно, Леви беше крајно разочаран пред неколку години по продажбата на Кајл Вокер во Манчестер Сити, давајќи ветување дека никогаш повеќе нема да продаде фудбалер на клуб од Манчестер. Првиот оперативец на Тотенхем го почитува даденото ветување до ден денеска, а како што стојат работите е решен да не попушти ниту во разговорите за Хари Кејн.
„Ќе треба најпрвин да ме убиете мене за Кејн да се пресели во Манчестер Јунајтед“, одговорил Леви на гласините за трансферот на англискиот репрезентативец во Јунајтед.
Поради ваквиот развој на настаните, „црвените ѓаволи“ почнале сериозно да разгледуваат и други опции за нов голгетер, пред се Виктор Осимен од Наполи, но и Коло Муани од Ајнтрахт и Расмус Аојлунд од Аталанта.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

