Лион си ја искомпликува трката за пласман во ЛШ следната сезона откако загуби вечерва на гостувањето против Стразбур со 4-2. Тимот на Лион имаше три победи во низа во пресрет на ова гостување, но налета на квалитетен ривал што исто така се наоѓа во добра форма, па Стразбур со денешната победа скокна на петтата позиција на табелата.
Првото полувреме мина без премногу возбудувања, со еден поништен гол на гостите, но затоа вторите 45 минути ги одбележа целосна доминација на составот на Стразбур.
Домаќините набрзина поведоа со 2-0 со головите на Сантош и Баква, Толисо само за момент намали на 2-1, по што следеа нови два погодоци на Стразбур. Гостите успеаја само да го ублажат поразот на конечни 4-2 со пеналот што во 97. минута го реализираше Микаутадзе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА