Катар е позната како доста конзервативна земја во која на сила се донесе строги закони за дел од работите со кои можат да се соочат навивачите.
„Дејли Стар“ предупредува дека секс надвор од брак носи затворска казна и до седум години!
„Сексот не е дозволен, освен ако не сте во брак еден со друг. Дефинитивно нема да има вонбрачни љубовни авантури за една ноќ на овој Мундијал. Фановите мора да бидат добро информирани за ова. Мораат да бидат пристојни, ако не сакаат да завршат во затвор“, изјавил неименуван извор од полицијата.
Според истиот извор, нема да има ни забави со алкохол, затоа што користењето алкохолни пијалоци исто така е строго забрането.
„Културата на алкохол при славењето по мечевите е строго забранета. Последиците би биле тешки“, вели изворот.
World Cup sex ban as horny fans warned one-night stands can lead to 7 years in jail – Daily Star. Really. If true enforcement ought to be a hoot https://t.co/BvBXfyhwkI
— Arthur Caplan (@ArthurCaplan) June 20, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА