Серијата на победи на Челси во Премиер-лигата денеска беше прекината откако тимот на Маурицио Сари ремизираше 0-0 на гостувањето против Вест хем. Тимот на Маурицио Сари имаше 72% од поседот над топката, но и тоа не беше доволно да се најде патот до мрежата на Фабијански, кој немаше премногу работа на денешното лондонско дерби.
„Чеканите“ беа ослабени со неиграњето на Арнаутовиќ и на Вилшир, но сепак со максимално дисциплинирана игра успеаја да не му дозволат на фаворитот да влезе во посакуваниот ритам. Азар беше целосно неутрализиран, истото важи и за Жиру, кој на половина од второто полувреме му го препушти своето место во нападот на Мората. Токму Шпанецот ја имаше шансата на натпреварот, кога на додавање на Давид Луиз биеше од пет-шест метри, но го погоди во главата голманот Фабијански.
Најубавата шанса на натпреварот ја имаше домашниот тим, кога Јармоленко се најде осамен на пет-шест метри од голот на Кепа, но со глава биеше крај голот.
Челси во наредното коло ќе го пречека Ливерпул, единствениот клуб со максимален ефект по првите шест кола од Премиер-лигата.
Save of the season by Fabianski pic.twitter.com/wB0jvUlx8f
— Lëwis (@OzilsLeftFoot27) September 23, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА