Белградска „Арена“ е вистински кошмар за сите гости во Евролигата, со исклучок на Барселона која очигледно знае како да се справи со притисокот од трибините. Неколку седмици откако со тројката на Клајбурн од 12 метри го шокираше Партизан, каталонскиот гигант вечерва повторно славеше во српскиот главен град, овојпат над Црвена Звезда со резултат 79-89.
Триумфот е многу значаен ако се знае дека „црвено-белите“ беа во топ-форма во пресрет на овој дуел, но Барса одигра беспрекорно во нападот, уште од стартот стигнувајќи до двоцифрена предност. Домаќинот не се откажуваше, во третиот период имаше и предност, но каталонците беа најдобри кога беше најважно, ја добија последната четвртина со 21-26 и на крајот стигнаа до заслужена победа.
Клајбурн беше прв стрелец на Барса со 22 поени, одличе беше и Бризуела со 17 поени, додека најефикасни кај Црвена Звезда беа Милер Мекинтаер со 19 и Монеке со 15 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

