Стопер на Арсенал поради бизерно правило не изведуваше пенал против Јунајтед

Најинтересниот натпревар од 3. коло во ФА Купот беше одигран на „Емирати“ каде се сретнаа Арсенал и Манчестер Јунајтед, а патникот во следната фаза беше одлучен по изведување на пенали откако во регуларниот дел од средбата резултатот гласеше 1-1.

Манчестер Јунајтед го доби пенал рулетот и се пласираше во следната фаза, а во центарот на вниманието на англиската јавност се најде бизарното правило кое недозволи еден фудбалер на Арсенал да се најде на списокот за изведување пенали. Причина за тоа е црениот картон на Далот во регуларниот дел од средбата па како што наверуваат правилата, двата тима мораа да имааат еднаков број на фудбалери кои ќе бидат дел од изведувањето на ударите од белата точка.

Изборот на Арсенал падна на Вилијам Салиба, кој одигра 120 минути за својот тим. Артета имаше слобода да одбере еден фудбалер кој ќе отпадне од листата на изведувачи, а изборот падна на францускиот стопер, интересно пред голманот Давид Раја, кој пак е добро познат за добрата игра со нозе, нешто што е и повеќе од потребно во модерниот фудбал.

Се вчитува...