Ибрахима Конате, стоперот на Ливерпул на крајот од оваа сезона би можел да замине во Реал Мадрид, и тоа како слободен агент. Конате кој има уште неколку месеци од договорот, на крајот би можел да заврши на „Сантијаго Бернабеу“, а англискиот првак не сака да остави ништо на случајот, па сака уште од сега да обезбеди негова замена.
Според англиските медиуми, најблиску до преселба на „Енфилд“ е стоперот на Барселона, Роналд Араухо. Араухо би бил идеална замена за Конате, па така „црвените“ уште во јануари ќе почнат преговори за негов ангажман.
Тимот на Арне Слот е подготвен да понуди 50 милиони евра за Араухо, а таа сума би дошла добро за Барселона, која и натаму се соочува со финансиски проблеми. Араухо минатта сезона се мачеше со повреди, а во оваа не е стандарден првотимец, и покрај заминувањето на Ињиго Мартинез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

