Армани на домашен терен славеше победа против Будуќност со 111-94 во дуелот од 16.коло во Евролигата. Гостите од Подгорица под водство на новиот тренер, Јасмин Репеша, уште по првите 10 минути беа во негатива (36-22).
До крајот на полувремето кошаркарите на Будуќност успеаја да ја намалат разликата на три поени , но тимот на Армани потоа целосно ја презеде контролата и во третата четвртина зголеми на 16 поени разлика и ја осигура победата во овој дуел.
Мицов го предводеше тимот на Армани со 20 поени и пет асистенции, а Кузминскас додаде 19 поени. Кај Будуќност најефикасен беше Битадзе со 23 поени и осум скока.
Во Мадрид, Реал го победи Макаби со 91-79. Неизвесноста на овој меч траеше само во првите 20 минути по кои домаќините имаа само два поени предност, а потоа гостите од Тел Авив успеаја да дојдат до изедначување.
Решавачката предност Реал Мадрид ја направи во втората половина од натпреварот. Третата четвртина ја заврши со седум гола предност, а во четвртата вече се одлепи на недостижна разлика.
Ајрон беше најефикасен со 18 поени, Руди додаде 13, а Томпкинс заврши со 12 поени за Реал.
Анадолу Ефес ја прекина серијата порази откако на домашен терен славеа против Берлин со 92-77.
Во последниот вечерашен дуел, Кимки запиша гостинска победа против Гран Канарија со 70-99.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА