„Стотка“ за почеток: Шпанија ја декласира Бугарија на отварањето на Евробаскетот

Шпанија ја оправда фаворитската улога и убедливо славеше на отварањето на Евробаскетот над селекцијата на Бугарија. Шпанците беа подобриот противник од почетокот до самиот крај на мечот и уште во првиот натпревар успеаја да ја надминат границата на сто постигнати поени славејќи со 114-87.

„Црвената фурија“ фуриозно го започна мечот со 28 постигнати поени во првата четвртина наспроти 17-те на Бугарите и веднаш го назначи текот на натпреварот. До полувремето разликата се зголеми на +22 (57-35), а трендот продолжи и до крајот за преубедлива победа и покрај тоа што двата тима го намалија интензитетот на одбраната.

Со 17 поени и 5 асистенции Лоренцо Браун беше лидер на Шпанците, додека него го следеше Вили Хернандомез со 16 поени и 6 скока. Александар Везенков постигна дабл-дабл од 25 поени и 11 скока за Бугарија, додека Павлин Иванов мечот го заврши со 16 поени.

Се вчитува...