Манчестер јунајтед доби понуда вредна 45 милиони фунти за да му дозволи на Вејн Руни да си замине од „Олд трафорд“. Клубот нема да му прави проблеми, со оглед дека веќе и не е во најтесните планови на Жозе Мурињо, но самиот фудбалер не сака да биде дел од ниту еден друг тим во Премиер – лигата, освен матичниот клуб Евертон.
Португалскиот стратег по освојувањето на пехарот во Лигата на Европа изјави дека не би имал против Руни да остане на „Олд трафорд“ и понатаму, потенцирајќи дека тој е легенда на Манчестер јунајтед, но, сепак, тоа се повеќе куртоазни зборови, бидејќи и воопшто не го користеше во тимот во завршницата од сезоната.
Руни има богати понуди и од Кина и од САД, па се очекува набрзо да одлучи каде ќе ја продолжи својата кариера. Тој во меѓувреме стана и најдобар стрелец во историјата на Манчестер јунајтед и ќе си замине како вистинска легенда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА