Стоук потпиша дефанзивец на Тотенхем за 18 милиони фунти

Централниот дефанзивец на Тотенхем, Кевин Вимер се пресели во редовите на Стоук за сума од 18 милиони фунти. Австрискиот репрезентативец потпиша договор до 2022 година, со заработка од 3 милиони фунти по сезона.

Вимер пристигна во Тотенхем пред две години, но не успеа да се наметне во стартниот состав покрај конкуренцијата од Вертонген и Алдервајд, а дефанзивните задачи може да ги исполнува и Ерик Даер.

„Пресреќен сум што ќе играм за Стоук, бидејќи навистина сакав да дојдам тука. Овој клуб има своја историја и традиција, возбуден сум што ќе имам можност да играм на прекрасниот „Британија“ стадион“, изјави Вимер за официјалниот веб портал на клубот.

24-годишниот одбранбен фудбалер имаше слична понуда и од ВБА, но ги одби бидејќи Тони Пјулис имал намера да го користи како лев бек.

„Задоволен сум што добив уште еден квалитетен дефанзивец во мојот тим. Вимер беше еден од моите главни мети за ова лето, бидејќи тој се уште е млад, има уште простор да напредува и сметам дека ќе биде пол погодок за нас“, вели менаџерот на Стоук, Марк Хјуз.

 

Се вчитува...