Веќе нема никакви дилеми, Стоук е вториот тим по ВБА што испаѓа од Премиер-лигата откако оваа екипа го загуби денешниот клучен домашен натпревар против Кристал палас со 1-2.
„Црвено-белите“ имаа водство во првото полувреме преку Шакири, но целосно потфрлија во вториот дел, кога Палас доминираше и направи целосен пресврт и со головите на Таунсен и на Ван Анхолт стигна до трите бода.
Ова значи и целосно губење на шансите за Стоук за опстанок во елитата, па сега единствена дилема е дали третиот тим што ќе испадне ќе биде Саутемптон (32 бода), Свонси (33 бода), или пак Хадерсфилд или Вест хем (имаат по 35 бода).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА