Страотен пад на Лоренцо на тренингот во Асен

Првиот тренинг пред неделната трка во Мото ГП шампионатот за големата награда на Холандија, која се вози на патеката Асен ја обележа страотниот пад на возачот на Хонда, Хорхе Лоренцо. Шпанецот излето во финишот на тренингот во кривината број седум и веднаш беше транспортиран во болница на дополнителни прегледи, а настапот на трката во недела е под знак прашалник.

Лоренцо нема многу среќа на патеката во Асен, бидејќи пред шест години на истата патека ја скрши клучната коска. Покрај возачот на Хонда пад доживеаја Данило Петручи и Алеш Еспаргаро.

 

Се вчитува...