Два големи инциденти го обележаа стартот на трката за големата награда на Тоскана во Формула 1 шампионатот. И во двата инцидента учествуваа поголемиот дел од болидите. Во првиот трката мораа да ја завршат Макс Ферстапен и Пјер Гасли, по што излезе безбедносното возило на патеката. При излегувањето на возилото за безбедност лошата контрола на водечкиот во трката Валтери Ботас доведе до тоа на крајот од колоната да дојде до страотен судар во кој учествуваа дури половина од болидите кои останаа на патеката.
Веднаш по инцидентот за тимското радио се јави Роман Грожан кој изреагира емотивно велејќи „Што е ова зар тие сакаат да не убијат?“
Carlos’ onboard is scary ?#TuscanGP | #SF1000GP pic.twitter.com/QsCL0Xw2kn
— Did Ferrari Win? (@DidFerrariWinF1) September 13, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА