Страотни сцени на УС опен: Јапонски тенисер се урна на теренот и плачеше за помош!

Гледачите на натпреварот од првото коло на УС Опен меѓу Јошихито Нишиока и Миомир Кецмановиќ беа сведоци на потресни сцени. Имено, во петтиот сет јапонскиот тенисер буквално се урна на подот плачејќи од болка.

Нишиока веднаш ги зграпчи левата бутина и раката и почна да плаче за помош во солзи.

Судијата Орели Турте повика лекари, но Нишиока не можеше да се движи и по нивната интервенција. Тој се уште лежеше на подот, а на помош му дојде и Кецмановиќ кој му донесе шише со вода и цело време беше покрај него додека лекарите му укажуваа помош.

Нишиока на крајот беше изнесен од теренот на носилки. Кецмановиќ се пласираше во второто коло на последниот гранд-слем турнир во сезоната, а се уште се чека конечната дијагноза за тоа што се случи со 28-годишниот играч.

Се вчитува...