СТРАОТНИ СЦЕНИ ВО ПМФЛ: Фудбалер на Струга се онесвести на мечот со Тиквеш (ВИДЕО)

Неубави сцени ни доаѓаат од Првата македонска фудбалска лига и дуелот меѓу Струга Трим и Лум и Тиквеш.

Во вториот дел при позитива на гостите од 1-2, по еден дуел онесвестен на теренот падна фудбалерот на домаќините Папе Фол. Брзо му беше укажана помош, по што фудбалерот од Сенегал успеа да застане на нозе. Непознато е зошто лекарскиот тим и главниот судија му дозволија да го продолжи мечот.

По само пет минути Фол повторно се сруши на земјата и мораше да биде пренесен во болница со амбулатно возило.

Се вчитува...