Неверојатни 45 минути на Олимпискиот стадион во Лондон. Вест Хем и Арсенал на полувреме постигнаа седум голови.
По првиот дел водат „топчиите“ со неверојатни 2-5. Седум гола за едно полувреме ретко кога се видени на еден меч во Премиерлигата.
Арсенал во 36. минута имаше предност од 0-4 со головите на Габриел, Тросард, Одегард и Хаверц. Ван Бисака и Емерсон намалија на 2-4, додека Сака потоа зголеми на 2-5.
Статистички, Вест Хем имаше три шута кон голот, додека Арсенал од шест шутеви даде пет голови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

