Шокантни вети пристигнуваат од САД, каде што на велигденската ноќ бил нападнат српскиот ракометар од Дрина од Зворник, Никола Томиќ, кому му било пресечено грлото од женска личност, за која се уште не е утврдено дали го познавала лично ракометарот. Инцидентот се случил во близина на бензинска пумпа, а Томиќ останал жив бидејќи експресно бил однесен во болница, каде лекарите му го спасиле животот.
Страшниот инцидент го потврди и клубот на ракометарот, РК Дрина од Зворник, преку соопштение до јавноста.
„По повод немилата случка што го потресе нашиот клуб, одлучивме да се обратиме на јавноста, за жал овојпат повод не е спортски успех или натпревар. На ден 16 април 2023 година, околу три часот по полноќ, полициски службеници го лишиле од слобода лицето И.Л. поради обид за убиство. Со ладно оружје нападнат е нашиот ракометар Никола Томиќ, кој се здобил со повреди во пределот на вратот, во вид на сериозно исекотини. За наша среќа, ако воопшто може да се нарече среќа, Никола веднаш по ладнокрвниот напад бил примен во ЈЗУ Болницата Зворник. Ова беше напад на млад и перспективен спортист, желен за игра, докажување, а на негово место можеше да се најде било кој од нас. Затоа, се надеваме дека надлежните институции нјастрого ќе го казнат овој вид на насилничко однесување. Се надеваме дека вакво нешто никогаш повеќе нема да се повтори, а на нашиот Никола му посакуваме брза рехабилитација и што поскоро да се видиме на паркетот“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

