Марко Одермат стигна до нова победа во сезоната во Светскиот куп во алпско скијање откако денеска славеше на спустот во домашниот Венген. Швајцарецот до победата стигна со време од 2:25.64 минути, што беше за 59 стоти делови од секундата подобро од второпласираниот Французин, Сиприен Саразан. Подиумот го надополни Домини Парис од Италија со заостанување од 1.92 зад времето на победникот.
Победата на Одермат помина во сенка на тешкиот пад на неговиот најголем ривал, Александар Аамод Килд. Норвежанецот имаше брутална средба со заштитната мрежа непосредно пред финишот на трката во Венген.
Во првите неколку секунди по несреќата, Килде лежеше неподвижен во снегот, но на крајот со помош на докторскиот тим беше пренесен во болница. Првите информации велат дека се работи за повреда на вкрстените лигаменти на коленото, нешто што претходно сезонава им се случи и на: Марко Шварц и Алексис Пантуро.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА