Страшен рекорд: Бундес-лигата немала играч како Хари Кејн

Хари Кејн постигна гол во самиот финиш од мечот Хајденхајм – Баерн Минхен за конечни 0-4, но и што е уште поважно – за уривање за уште еден неверојатен рекорд.

Имено, Кејн стана фудбалер што најбрзо стигнал до трицифрен број на вкупни придонеси за голови (погодоци плус асистенции). Тој сега има 81 гол и 19 асистенции во Бундес-лигата, неверојатни бројки ако се знае дека Кејн досега има одиграно само 78 меча во елитното германско фудбалско друштво.

Само за споредба, досегашен рекордер во ова категорија беше Рој Макај, но на екс-голгетерот на Баерн му требаа дури 35 меча повеќе во однос на Кејн за да стигне до оваа „стотка“.

„Горд сум на секој рекорд, секако и на овој. Тоа се должи на мојата максимална посветеност на тренинзите и на натпреварите, но и на стручниот штаб и на соиграчите кои ме прават подобар секој нов меч“, изјави Кејн.

Бундес-лигата вообичаено паузира за време на божиќните и новогодишните празници, а Баерн првиот меч во 2026 ќе го игра на 11 јануари, на домашен терен против Волфсбург.

Се вчитува...