Страшна несреќа се случи за време на вчерашната трка од Индикар-серијата, откако Роберт Викинс се обиде да го Рајан Хантер-Реј, дојде до допир меѓу двете возила по што Викинс ја загуби контролата над својот автомобил и истиот беше демолиран при судирот во заштитната ограда.
За среќа, на канадскиот возач не налета некој од конкурентите, што сигурно ќе донесеше и фатални последици. Вака, Викинс се здоби со повреди на рацете и нозете, но се очекува да биде подготвен за наредните трки од Индикар шампионатот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА