Страшен судир во Мото ГП: Мотор преку ногата на светскиот шампион (видео)

Тежок судир ја одбележа трката на патеката Каталуња од Мото ГП шампионатот, при што најдебелиот крај го извлече актуелниот светски првак Франческо Бањаја.

Хаосот почна од Бастијанини, кој се судри од Јохан Зарко, по што дојде до верижен судир со уште неколку мотори. Бањаја не само што загуби контрола и падна, туку врз ноогата на светскиот шампион мина мотор на еден од ривалите.

Тој веднаш беше пренесен во клиниката во Барселона, а се очекува во најскоро време да пристигнат и подетални информации околу состојбата на овој одличен мотоциклист.

Се вчитува...