Канада ова утро ја потресе огромна трагедија, откако 14 млади хокеари на тимот Хамболд бронкос загинаа во сообраќајна несреќа. Автобусот што го возел тимот на натпревар против Нипавин хокс, се судрил со камион на автопат во близина на Тиздејл по што 14 хокеари го загубиле животот, а останатите 14 лица се повредени и веднаш се пренесени во најблиската болница.
Сите хокеари биле на возраст од 16 до 21 година, а уште тројца во клиниката се борат за својот живот.
Своето жалење на Твитер го изрази и премиерот на Канада, Џастин Трудо.
„Не можам ниту да замислам низ што минуваат во овие моменти родителите на овие деца, моето сочуство до сите кои ги погоди оваа голема трагедија во градот Хамболд“, напиша Трудо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА