Рен прескапо ја плати синоќешната победа над Ница, поради сериозната повреда што ја заработи најдобриот напаѓач на оваа екипа, Мартин Терие.
Тој врескаше од болка откако падна на земја држејќи се за коленото, по што веднаш стана јасно дека повредата е крајно сериозна. Деталните прегледи само го потврдија тоа, станува збор за кинење на вкрстените лигаменти на коленото, но и за оштетување на менискусот, поради што лекарите прогнозираат пауза од околу осум месеци.
„Невозможно е да го замениме Терие во овој преоден рок, бидејќи на пазарот нема играчи со неговите квалитети. Можеби ќе мораме да ја менуваме формацијата на игра, а играчи како Доку, Дуе и Сулемана ќе добијат поголема одговорност“, изјави тренерот на Рен, Бруно Женесио.
Терие со 12 постигнати гола беше најдобар стрелец на Рен сезонава и нема сомнеж дека неговото отсуство ќе остави трага врз играта на оваа екипа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА