Страшна повреда во Премиер-лигата

Само неколку дена по страшната повреда во Лигата на Европа што ја заработи Дени Велбек, денеска настрада уште еден премиерлигашки фудбалер.

Станува збор за Адам Смит од Бурнемаут, кој се здоби со тешка повреда во првото полувреме од Њукасл. Гостите имаа слободен удар, Смит при изведувањето со ногата заглави на теренот, по што во агонија остана да лежи на теренот.

Веднаш притрчаа медицинските лица, па Смит со маска за кислород на носилки беше изнесен кон соблекувалната. Првичните информации говорат дека стаанува збор за кинење на лигаментите на коленото, што ќе значи пауза од најмалку шест месеци од терените.

Се вчитува...