СТРАШНА СЦЕНА ВО ХРВАТСКА: Кош падна врз играч на Сплит (ВИДЕО)

Натпреварот од хрватската Премиер лига помеѓу Каварнер и Сплит во Ријека беше прекинат во драматични околности откако конструкцијата на кошот се сруши на паркетот. Во моментот кога домаќините водеа со 48-47, центарот на Сплит, Демајо Вигинс, изврши забивање и се задржа на обрачот. Тогаш целата конструкција на кошот попушти и падна директно врз него.

За среќа, Вигинс во последен миг успеа да го тргне телото додека беше на подот и избегна сериозна повреда. Останатите играчи веднаш притрчаа на помош, а според првите информации, американскиот кошаркар помина без последици.

Се вчитува...