Страшна трагедија: Екс-кошаркар на Фенербахче прегазен на тротоар, починал на лице место

Страшна трагедија ја потресе турската кошарка откако 34-годишниот Илкан Караман го загуби животот откако бил прегазен од пијан возач во местото Датка.

Караман на 34-годишна возраст настапуваше за второлигашот Беледејеси, но станува збор за играч кој во врвот на кариерата ги бранеше биоте на Фенербахче, Бешикташ, Пинар Каршијака, Тофаш… Караман во 2012 година беше избран и на НБА-драфтот како 57. пик од Бруклин нетс, но никогаш не заигра во најсилната лига во светот.

Според пишувањата на турските медиуми, Караман се наоѓал на тротоар чекајќи го пријателот кој полнел бензин во близина. Во тие моменти на него налетал залетан автомобил чиј возач се наоѓал во алкохолизирана состојба, по што кошаркарот завршил под трката и починал на лице место.

Се вчитува...