Страшна трагедија во Србија: Во сообраќајка загина 15-годишен џудист на Партизан

Млад џудист го загуби животот на 15-годишна возраст, во стравична сообраќајна несреќа која утрово се случила на автопат. Повеќе тинејџери се повредени во несреќата.

Се случила кога комбе кое се упатувало од Нови Сад кон Белград, после наплатна станица во правец кон главниот град на Србија, изгубило контрола и излетало во канал. 15-годишникот џудист го загубил животот на лице место. На лице место веднаш биле упатени екипи на медицинската помош, а неколку од нив имаат потешки телесни повреди. Едно од нив ќе биде подложено на операција. Некои информации говорат дека братот близнак на починатото момче исто така било во комбето и е повредено.

Министерот за спорт, Зоран Гајиќ веднаш се упатил кон Нови Сад за да им даде поддршка на семејството на загинатиот тинејџер и на повредените на џудо клубот Партизан.

„Ова е страшна трагедија која длабоко не  потресе. Во овие тешки моменти министерството за спорт се става на располагање на семејството на загинатиот, како и на семејството на повредените спортисти, како и на џудо клубот Партизан, за да им ја пружиме целата помош и поддршка“, рече Гајиќ.

Се вчитува...