Турција утрово ја погоди страшна вест за загинувањето на фудбалерот Ахмет Чалик (27) кој го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа. Несреќата се случила утрово откако Чалик изгубил контрола и се превртел. Веднаш пристигнале екипи на прва помош, но било предоцна.
Чалик е актуелен член на Коњаспор, а во својата кариера играше и за Галатасарај за кого играше три години, а беше дел и од Генчлербирлиги. За турската репрезентација има одиграно осум натпревари и постигнато еден гол. Последен пат добил повик за Турција пред четири години, а настапувал за сите помлади селекции на својата земја.
Беше на клупата на пријателскиот меч со Македонија во јуни 2017 година во Скопје, кој заврши без голови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА