Страшна трагедија во Унгарија. Ракометната репрезентативка Доротија Киш трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа.
21-годишната членка на младата репрезентација на Унгарија важеше за една од најперспективните млади спортистки во својата земја. Пред три години освои сребрен медал на Светското првенство за ракометарки до 20 години.
„Со длабока тага ги информираме членовите на нашата заедница дека нашата ракометарка Доротја трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа. Играше за нашиот клуб повеќе од десет години. Имаше само 21 година“ – соопшти нејзиниот клуб ЕРД.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА