Косовскиот фудбал денеска е завиен во црно за веста за смртта на младиот 22-годишен Ерјон Морина. Морина беше играч на Вуштрија, а играше уште за неколку екипи на Косово.
Пред неколку недели имал инфаркт, и неколку недели бил во кома во болница, по што денеска стигна страшната вест, јавуваат косовските медиуми.
Веста за смртта ја соопшти неговиот татко кој со потресни зборови се прости од неговиот син. Морина беше дел од Приштина, а играше и за Беса Пеќ, Дреница, Корику, Лапи, Малишева.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

