Страшни прогнози за Ноле: Нема да настапи на Вимблдон и на Олимпските игри!?

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се повлече од Ролан Гарос, по денешните резултати од магнентаната резонанца на повреденото десно колено.

На официјалната интернет страница на грандслем турнирот и официјално е потврдено дека Ѓоковиќ се повлекува од Отвореното првенство во Франција.

„Поради скинат медаијален менискус на десното колено (откриено денеска на магнетната резонанца) Новак Ѓоковиќ, кој утре требаше да игра четвртфинале против Каспер Руд, принуден е да се откаже од Ролан Гарос. Поради посувите услови и сонце, тоа влијае на земјената подлога и повредата се случи токму поради тоа при отклизнување на теренот“ – се вели во соопштението со потврдената информација за повлекувањето на Ѓоковиќ.

 

Се вчитува...