Страшни снимки од Словенија: Поплава ја однесе салата на Крка (ФОТО/ ВИДЕО)

Силното невреме што ја погоди Словенија предизвика голема штета во салата ‘Леон Штукељ’, каде што Крка ги игра своите натпревари од АБА лигата.

Невремето што ја погоди Словенија предизвика сериозна штета, а најголема штета беше направена на салата каде што Крка ги игра своите натпревари, која е поплавена по обилните дождови. Висината на штетата сè уште не е утврдена.

„Вака изгледа нашата сала по денешното невреме. Во наредните денови ќе го знаеме обемот на вистинската штета. Во меѓувреме, ќе направиме сè што можеме за да се осигураме дека тренинзите за младинците и првиот тим ќе се одвиваат непречено“, се вели во соопштението на КК Крка.

Крка има рок до 11 октомври да ја врати салата во функционална состојба, бидејќи на тој датум започнува новата сезона од АБА лигата, а словенечкиот тим треба да го одигра својот прв натпревар дома против тимот на Клуж.

Се вчитува...