СТРАШНИ СЦЕНИ: Ериксен се онесвести на терен, лекарите се борат за неговиот живот (ВИДЕО)

Страшни сцени доаѓаат од Копенхаген откако најдобриот дански фудбалер, Кристијан Ериксен, колабираше пред крајот на првото полувреме од дуелот со Финска.

Тој падна како покосен, веднаш стана јасно дека состојбата му е крајно сериозна, а лекарите на теренот се борат за неговиот живот, користејќи и дефибрилатор.

Навивачите на стадионот „Паркен“ и сите фудбалери на двете селекции се во шок, со надеж дека оваа случка сепак нема да има трагичен епилог.

 

 

Се вчитува...