Страшна случка го одбележа српскиот нисколигашки фудбалски натпревар меѓу Раднички Клупци и Цер, откако гром удри на теренот каде се играше мечот. Според зборовите на судијата Драган Јериниќ, громот удрил точно на центарот на теренот.
„Кога се свртев, десетина фудбалери беа легнати на земја. Сите кои беа свртени со лицата кон местото на ударот беа паднати“, открива судијата Јериниќ.
Домашниот тренер Ненад Симиќ, кој воедно е и здравствен работник, веднаш притрчал за да им помогне на паднатите фудбалери. Притоа, забележано е дека еден гостински фудбалер се наоѓа во тешка состојба, врз него била извршена реанимација и бил префрлен во најблиската болница.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

